Португалскиот „Вог“ објави број без ниту еден текст

19 ноември 2021

Ноемврискиот број на португалскиот „Вог“ е без коментар.

Имено, главната уредничка на ова издание на магазинот, објави досега невиден број. „No Comments Issue“ има воведник во кој вели дека текстот често сугерира како треба да се чувствуваме во врска со некое прашање.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Portugal (@vogueportugal)

 

Од друга страна, фотографиите без било каков контекст прикажани во магазинот, се тука за да разбудат емоции и да не' поттикнат на дејствување. 

„Дојде време на помалку зборови, а повеќе акција“, вели уредничката Софија Лукас.

Од магазинот потенцираа дека за насловната не е користено реално ѓубре, туку сите тие елементи се направени во постпродукција. 

„За жал, нашите океани се рално загадени и нивниот изглед не е постпродукција“, порачуваат.

 

Објавено:
19 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
267 пати