Инспиративно за коментари

После долго време: Ријана на насловна на италијанскиот „Вог“ во необично издание

4 јуни 2021

Одамна не сме ја виделе Ријана во некое необично модно издание. После долго време, таа ја краси насловната страна на италијанскиот „Вог“ за месец јуни.

Пејачката е дел од изданието „Do It Yourself“, па така модните комбинации во кои се појавува на фотографиите, како и самите фотографии се токму нејзино дело.

Од транспарентен фустан кој открива речиси се', до волуменозна oversized јакна, со кратка коса и зелени прамени, 33-годишната Ријана предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.

И додека едни велат дека изгледа одлично и дека после огромна пауза конечно да ја видиме во ново издание, додека други сметаат дека на овие фотографии изгледа „чудно“, „како вонземјанка“, а посебни коментари имаше на стајлингот со широката јакна, кој многумина ги инспирираше да ја споредат со Џои од „Пријатели“ кога ја носи сета облека на Чендлер на него.

 

 

Објавено:
4 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
601 пати