Потврдено: Ќе има нови епизоди „Беверли Хилс“

28 февруари 2019

Дваесетидевет години после првото појавување, ќе гледаме нови епизоди на легендарната серија „Беверли хилс - 90210“.

Џејсон Присли (Брендон), Џени Гарт (Кели), Јан Зиринг (Стив), Габриел Картерис (Андреа), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Тори Спелинг (Дона) потврдија дека ќе се вратат на малите екрани.

„Фокс“ нарачал нови шест епизоди, кои би требало да се појават во етерот ова лето. Од мрежата велат дека ова ќе биде повторно оживување на 90210.

Сепак, новите епизодии доаѓаат со мали пресврти, односно измени. Како пренесува „Дејли мејл“ актерите нема да ги играат ликовите по кои станаа познати, туку ќе ја толкуваат надградената верзија на себе.

„Фокс“ вчера пушти и кратко најавно видео, со што ја потврди веста, а како пренесуваат странските медиуми новите епизоди ќе бидат инспирирани од реалните животи на актерите, нивните односи и „здрава доза на нетрпение“ помеѓу истите.

 

„Од завршувањето на серијата во 2000, секој од актерите отиде по свој пат. Идејата за обединување дојде откако еден од нив спомена дека е време да се направи враќање на „Беверли Хилс 90210“. Но, тоа може да донесе многу повеќе драма, отколку самото возобовнување на серијата. Што ќе се случи кога нивните први љубови, стари романси, пријатели и сопарници ќе се сретнат повторно, да продолжат од каде што заминале? Оваа серија остави неверојатно влијание и трага во поп културата и на цела една генерација. Ова е наследство кое е важен дел од ДНК на нашата мрежа - силни приказни кои никаде на друго место не се раскажани и ликови поголеми од животот, па токму затоа ни е чест што повторно ќе ги вратиме на екраните-“, се вели во соопштението на „Фокс“, кои ќе бидат задолжени и за продукцијата на серијата. 

За потсетување, првата епизода е емитувана на 4.октомври 1990 година токму на „Фокс“.

„Обожавателите ќе бидат пријатно изненадени, затоа што ќе играме надоградени верзии на себе и ќе се појавиме речиси сите“ изјави Тори Спелинг неодамна во едно интервју.

Се чека потврда и од Лук Пери (Дилан) и Шенон Доерти (Бренда)

„Би сакале да ја видиме и Шенон секако, но за сега немаме потврда од неа. Ако го гледа ова, ние би сакале навистина да ја видиме и да ја имаме во шоуто“, порача Спелинг.

 

Објавено:
28 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.615 пати