Потврдено: Марко Ѕанини заминува од Скјапарели!

8 ноември 2014

Гласините се потврдени: Марко Ѕанини ја напушта позицијата креативен директор на брендот Скјапарели. Името на неговиот наследник наскоро ќе биде објавено.

Разговорите и шпекулациите за заминувањето на дизајнерот почнаа да се шират изминатиот период, а службената потврда во медиумите стигна вчера. Сè уште не е познато името на дизајнерот кој ќе биде нов креативен директор, а модната куќа не ги објави ниту причините за заминувањето на Ѕанини. Анонимни извори велат дека дизајнерот заминува бидејќи едноставно не се чувствува компетентен да одговори на задачите и обврските што ги наметнува одговорната позиција.

Овој недостаток воопшто не беше видлив на изминатата модна недела во Париз, дури моднатe критик гласеа дека Ѕанини е идеалниот промотор на естетскиот израз на Елза Скјапарели.  Ѕанини, одлично ја работеше својата работа, а потврда се и неколкуте нови симпатии од познатата клиентела на ѕвезди како актерката Тилда Свинтон, која на црвените килими се појавува исклучиво во дизајни на Скјапарели.

Како напомена, Марко Ѕанини на позицијата креативен директор беше поставен во септември минатата година. Претходно дизајнерот работеше за модната куќа Рошас.

 

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Актуел