Повеќе од 70 дизајнери ќе се претстават на претстојниот моден викенд во Русија

14 октомври 2013

Од 25-ти до 30-ти октомври ќе одржи Мерцедес Бенз Моден Викенд во Москва, Русија. Повеќе од 70 дизајнерски имиња од Русија, Англија, Јапонија, Израел и уште од многу други земји ќе ги прикажат своите најнови колекции за сезоната пролет-лето 2014 година. Оваа година како новина е тоа што организацијата склучува договор со Е-беј и веднаш по претставувањето на колекциите, моделите ќе можат да се купат на интернет. Според претседателот на организацискиот одбор, оваа сезона руските дизајнери учесници имаат најмногу привилегии, кои треба само разумно да ги искористат.

-Приоритет за Рускиот моден викенд е подршката на руските дизајнери кои од овој настан ќе добијат многу можности. Единствено на нив останува правилно да ги искористат тие можности. На сите руски дизајнери ќе им овозможиме по претставувањето во Москва да ги промовираат своите колекции и во Њујорк, Берлин и Токио, изјавува Александар Шумски претседателот на Рускиот моден викенд.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Актуел