Повик до сите млади дизајнери за изработка на ентериерно решение заедно со Витрина

3 септември 2014

Македонската компанија „Витрина“ во соработка со Skopje Design Week објави повик за млади дизајнери за поднесување на предлози за изработка на социјална маса.

Истата ќе биде изработена од страна на компанијата и ќе биде изложена за време на годинешното издание на Skopje Design Week 2014, а секако и во продажниот салон на компанијата.

Можност за поднесување на предлозите за изработка на социјалната маса имаат сите млади дизајнери, архитекти, уметници и други креативци, професионалци со искуство или студенти кои имаат способности да дизајнираат ентериерни решенија.

Крајниот рок за пријавување е до 14 – ти месецов, а сите креативци можат да се пријават индивидуално или во групи.

На крајот, компанијата ќе го одбере најдобриот предлог и во периодот од 15 – ти до 23 – ти Септември ќе ја изработи масата заедно со дизајнерот.

Сите заинтересирани потребно е да испратат апликација, рендер од идејното решение, технички цртеж од плоча од маса како и технички цртеж од ногарките од масата.

Потребните информации и мејлот каде можете да ги испратите сите информации, можете да ги најдете на следниот линк.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Актуел