Повик за учество на работилница за „Design thinking“

26 мај 2016

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, организираат дводневна бесплатна работилница за „Дизајн размислување“ (Design Thinking) во рамките на проектот „Дизајн предизвик“ (Design Challenge).

Тие објаснуваат дека „Дизајн размислување“е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.

Работилницата е наменета за сите кои се подготвени на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на „Design Thinking“ методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата „Hasso Platner D-School“од Берлин и ќе биде на англиски јазик.

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 1 јуни. Работилницата ќе се одржи на 11 и 12 јуни од 10-17ч.

Повеќе информации и форма за апликација на линкот тука.

Селектираните кандидати ќе бидатизвестени за учеството на работилницата.

Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.  

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
104 пати