Познат наследникот на Армани?!

16 јули 2015

Во странските медиуми веќе се појавија гласини дека Стефано Пилати ќе биде наследникот на Армани. Неодамна, Пилати ја напушти модната куќа Ангона, што беше повод да се појават гласини од овој тип.

Инаку, за наследникот на познатиот дизајнер се зборуваше уште пред три години, кога тој најави дека ќе се пензионира, името на Стефано дури и тогаш беше на списокот на можни наследници, а сега се актуализира повторно.

Сепак, официјална потврда за тоа сè уште не постои, иако љубителите на работата на Стефано Пилати, се радуваат што тој повторно ќе се врати во светот на женската мода.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
133 пати