Познати дами го отворија Саемот на венчаници во Белград

19 февруари 2014

Со традиционалната ревија на познати дами, се отвори 13 – тиот по ред Саем за венчаници во хотелот Хајат во Белград. Настанот како и секоја друга година, собра навистина одлична публика која уживаше во моделите на венчаници на домашните и странски брендови.

Ревијата ја отвори пејачката Сашка Јанковиќ, за по неа на пистата да блеснат и прекрасната Сузана Манчиќ, Ивана Максимовиќ, Дарија Станојевиќ, Сандра Обрадовиќ и други познати дами од српскиот џет – сет.

Облечена во романтична бела венчаница, младата пејачка Невена Божовиќ ја заокружи вечерта со нејзината позната песна „Знам дека те губам вечерва“.

Белградскиот саем на венчаници, накит и луксузни работи ќе биде отворен во хотелот Хајат до оваа недела. На изложбениот простор од околу 2.500 метри квадратни, посетителите ќе можат да уживаат во голем избор и услуги за комплетна организација на свадби – венчаници, прстени, ресторани, декорации, торти, покани, музички бендови и што уште не!

Покрај белградскиот, на Балканот овие денови се одржаа и уште неколку други саеми на венчаници. Вчеравечер се случи и големото финале на Саемот во Загреб, каде посетителите беа сведоци на богата програма на бројни дизајнери. Идните невести можеа да уживаат во дури шест модни ревии, а главната ревија се одржа во саботата, кога на пистата се прошетаа и бројни познати како Антонија Шола, Масимо, Маја Шупут, Алмира Османовиќ и други.

Аналуна Загреб Аналуна Загреб

Покрај во ревиите, посетителите можеа да уживаат и во други задоволства, како што се различните работилници, дегустации на торти и колачи, но и мејк – ап и фризури.

Саем на венчавки Загреб Саем на венчавки Загреб

Објавено:
19 февруари 2014
Категорија: 
Актуел