Празнична колекција на Мајкл Корс - Доза светки која на сите ни е потребна

26 ноември 2020

„Што е потребно за да бидете ѕвезда?“ е главното прашање во новата празнична кампања на Мајкл Корис. Бела Хадид е заштитно лице на брендот, а фотографиите зад кои е потпишува Тери Циолис внесуваат доза оптимизам, сјај и гламур кои на сите ни се потребни.

Покрај Бела, во кампањата, која е проследена и со видео, се појавуваат и моделите Мајова Николас и Саломон Дијаз.

Досега се достапни само неколку од визуелните решенија, а комплетната кампања која ќе класи „МК Edited By...“ ќе биде лансирана на 3 декември и ќе почне со Бела Хадид, во нејзиниот фустан за забава, металик потпетици и две гламурозни чанти.

Покрај овие нови фотографии, ние одбравме уште неколку супер празнични стајлинзи од есенската колекција на дизајнерот, кои можат да послужат како инспирација како можеме да комбинираме некои работи или сепак да се почестиме со некое светкаво парче. 

Без оглед што доаѓањето на новата 2021 година ќе го дочекаме во нашите домови, тоа не значи дека сме спречени да блеснеме.

Објавено:
26 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
397 пати