Празничната сезона започна: Скопје во новогодишно руво!

7 декември 2019

Со осветлувањето на новогодишната елка во центарот на градот, вчеравечер се официјализираше и стартот на празничната сезона.

Како и претходната година и оваа, на плоштадот „Македонија“ е поставен новогодишен базар, насловен како „Винтерленд“, каде може да се најдат разни активности, најчесто за најмладите.

Од Град Скопје информираат дека новогодишните куќички на „Винтерленд" се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена - од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Нина (@beadernina) onDec 6, 2019 at 2:03pm PST

 Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.

Исто така, секој ден ќе има двочасовна детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Majjamkd (@majjamkd47) onDec 6, 2019 at 2:41pm PST

 Доколку сè уште не сте прошетале низ центарот на градот, погледнете неколку фотографии од годишнашното новогодишно украсување:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Winterland Skopje (@winterlandskopje) onDec 7, 2019 at 2:18am PST

 

 

фото: facebook.com/CityofSkopje

Објавено:
7 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
11.279 пати
Тагови: 
Скопје празници