Пред објективот на мама Кејт: Принцот Луи наполни 3 години!

23 април 2021

Најмалото од трите деца на Војводата и војвотката од Кембриџ, Принцот Вилијам и Кејт Миделтон, денес полни три години.

Принцот Луи ќе дувне 3 свеќички на тортата, а неговите родители споделија фотографија на официјалниот профил.

На фотографијата, принцот Луи вози мал велосипед, и со широка насмевка е подготвен да појде прв ден во градинка. 

Принцот на првиот и вториот роденден

Фотографијата од малиот принц е дело на неговата мајка, Кејт Миделтон, која во неколку наврати изјавила дека фотографирањето и' е хоби и голема пасија. 

Луи ќе ја посетува истата градинка како и неговата сестра Шарлот, која сега е во училиште. 

Објавено:
23 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
884 пати