Предавање на тема: Облеката како симбол на општествениот и социјален статус во минатото

8 ноември 2013

Организирањето на креативни работилници со цел поттикнување на интересот за модната индустрија во соработка со професорите од текстилната насока при СОУ „Таки Даскало“ и кариерниот центар при ова училиште, продолжува со полна пареа.

Тимот на fashionel постојано е во дослух со организаторите на ваквите настани, меѓу кои и професорката и модна дизајнерка Лили Кадинска.

 

 

Лили и на претходните работилници каде гости беа Тамара Перез,вдизајнер од Швајцарија и Елена Додевска, ни откри дека во текот на учебната година ќе следуваат уште многу предавања, работилници и активности кои ќе им го доближат светот на модата на младите и идните ученици.

 

 

Во контекст на тоа, да го најавиме предавањето на етнолог-кустос, Наде Геневска Брачиќ, која е вработена во Музеј на град Битола и е избрана за најдобар музејски работник во Македонија. Брачиќ ќе одржи предавање на тема „Облеката како симбол на општествениот и социјален статус во минатото“. На предавањето ќе му претходи проекција на 10 минутен филм со наслов „Визуелна антропологија“, а во склоп на целиот настан ќе има и демонстрација на парчиња облека и објаснување на нивната симболика. За крај на целата дружба ќе следува една кратка паралела за облеката тогаш и сега. Предавањето ќе се одржи на 12 ноември во просториите на училиштето.

Посетете го ова предавање и стекнете еден поинаков впечаток за модата и збогатете го вашето животно искуство со нови знаења.

 

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Актуел