Предлог на четири книги од светот на модата

17 септември 2013

Освен новите трендови што ги поставува есента, модните недели и пар модни документарци, вашето секојдневие „зачинете“ го со четири нови книги за модните великани. Овие книги ја носат во себе биографијата на Кристијан Диор, Кристобал Баленсиага, афоризмите на Карл Лагерфелд, како и автобиографската книга на Роберто Кавали.

#1 Изабел Рабин- Кристијан Диор  „Multifaceted genius“

Изабел долго време работеше како модна уредничка, соработуваше и со „Ел“, а сега низ книгата одлучи да ја прикаже работата, делувањето и талентот на човекот кој од 1947 година направи револуција во модниот свет. Зошто Диор стана синоним за висока мода, како Кристијан ја гаеше љубовта кон  модата, фотографијата и архитехтурата, ќе дознате од оваа книга која е пуштена во продажба од 29-ти јули.

#2 Мари Блум – Баленсиага „ Aristocrat high fashion“

Кристобал Баленсиага многу ретко се појавуваше во јавност, избегнуваше било какви интриги во својот живот и не дозволуваше никакви коментари околу својата приватност. Француските новинари се трудеа да дознаат повеќе за човекот кој ги постави темелите на високата мода, дури и авторката едвај успеала да стигне до животните факти за овој легендарен дизајнер. Книгата е пуштена во продажба од месец август годинава.

 

#3 Карл Лагерфелд „The wisdom of life.Philosophy of style“


Оваа книга носи коментари на Лагерфелд за модата, жените, уметносата, политиката, но зборува и за неговиот приватен живот, љубовта, слабостите и многу повеќе за неговата приватност. И оваа книга е достапна од изминатиот месец август.

#4 Роберто Кавали „Just me“

Ова е нај тазе издадената автобиографска книга од Роберто Кавали, која е промовирана токму денес. Автобиографската „Just me“ е приказна за еден маж, односно Роберто кој го раскажува својот живот уште од детството, најтешките моменти, жените во неговиот живот почнувајќи од мајка му Лиета, првата жена Силванела и втората Ева. Во оваа книга тој целосно се „отвора“ за својата личност и вели:

-Не викајте ме дизајнер, зашто јас никогаш не сум способен да нацртам ни силуета. Мојот талент е во тоа да го најдам спојот меѓу материјалите или да го замислам вистинскиот фустан за една жена, раскажува Кавали.

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Актуел