Преглед на ревиите на Алта Мода во Рим

30 јануари 2014

Мудра игра презентираа младите таленти во рамките на модната недела „Алта Рома“ која беше одржана во  Рим од 25 до 27 јануари. Наместо очекуваниот гламур и раскош на пистата дефилираше прагматичноста.

 

Гатинони Гатинони

 

Вечниот град ни посочи дека треба да научиме да ги слушаме новите модни стории кои ни ги носи времето. Понекогаш се случува приоритетите да се променат, како резултат на различните перцепции и ставови кои креативците ги имаат изградено во создавањето на едно „ремек“ дело.

 

Гатинони Гатинони

 

Факт дека не секој може да ја разбере Алта Рома, особено оние кои доаѓаат прв пат или пак оние кои доаѓаат од место каде владеат поинакви модни правила. Тоа e така затоа што во нејзината програмска шема има исто толку заминувања колку и пристигнувања. Тоа е така затоа што повеќе презентации не се тестирани,  некои од нив се смели обиди да се внесе нешто ново, а други пак прототипи на нешто веќе постоечко, со мали измени. Генералното мислење е насочено кон самиот град, неговата архитектурна убавина и богата историја, а всушност Рим е многу повеќе од тоа. Рим не е Милано, ниту Париз, ниту Лондон, а уште помалку Њујорк. Рим е град кој пред се има голема кројачка традиција особено во изработката на костими за опера и театар, (инспирација која беше фокусна точка во новата колекција на Валентино). Рим наликува на по малку на забавена плоча која свири на грамофон, но не во негативна смисла. Пасивноста значи и дека треба да им се даде простор на новите нешта, да се чуе и раскаже новата приказна.

 

Гатинони Гатинони

 

Модниот перформанс на Гатинони, имаше сценографија инспирирана од „Облаците“. Архитектонскиот дизајн беше дело на Масимилијано Фуксас. На крајот на шоуто претседателот на модната куќа Стефано Доминела со зарипнат глас и текст кој ги трогна присутните го најави последното збогум на познатиот дизајнер, именувајќи го како автентичен кројач на модната италијанска историја.

 

Кватромани Кватромани

 

Модните колекции на Сан Андрес и Артур Арбенсер ја раскажаа модната бајка за учтивото секојдневие на Мексико и веселиот дух на Австрија. Чиста елеганција и структура на дизајните можевме да забележиме во линиите на Esme Vie и Кватромани. Љубовното шоу на Грета Болдини, етикетата зад која твори дуото Алесандар и Микела веќе шест години, понудија помалку мрачна визија на модели. Уникатните креации на Џанлука Капаноло беа доловени преку приказната за проблемите на другите. Алберто Ѕамбели имаше коринтски колорит во дизајните. Дебито на студентите од познатата Accademia di Costume e Moda, имаа возбудливо шоу кое не врати во ’50-тите.

 

Esme Vie Esme Vie

 

Во рамки на модната недела се презентираа и неколку изложби. Особено интересно беше да се слуша  Кензо Такада, кој ја раскажа приказната за соработката со фотографот Ханс Феурер, а Џовани Гастел пак, гордо ја прикажа неговата „Двојна игра“, која е работена во соработка со фотографот Тони Торимберт.

 

Сан Андрес Сан Андрес

 

На критичарите не им се допадна овој моден пристап, бидејќи се едногласни во одлуката дека тоа не е Алта Мода и дека треба многу повеќе да се потрудат за да го одржат ентузијазмот во рамките на оваа дејност. Општиот заклучок е дека во Рим не можете да барате да ја видите шивачката мајсторија на Високата мода во Париз или пак невообичаените контури на модели во Милано, заедно со групата на љубопитни новинари. Првите редови се по малку неуредни без некаков редослед. Седнуваат оние кои имаат потреба да видат што се прикажува и оние кои на некаков начин се поврзани со ова случување. „Сума сумарум“ ниту Рим не е изграден за еден ден. Па во контекст на ова и Алта Мода ќе се „гради“ во годините што следуваат.

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Актуел