Прекрасната Хелена Кристенсен создаде колекција во соработка со H&M

4 февруари 2020

Познатиот уличен бренд „H&M“ неодамна ја објави првата соработка за 2020 година - колекција во соработка со некогашниот супермодел Хелена Кристенсен. 

Таа одлучи оваа капсулна колекција да содржи маици и дуксери со цветен принт, односно апликации, кои би биле вистински хит во сезоната што доаѓа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by H&M (@hm) onJan 30, 2020 at 12:36am PST

 Интересното е што токму тој принт се нејзини фотографии.

„Ова беше многу пријатно искуство. Не само што имав можност да видам како моите фотографии изгледаат и „оживуваат“ на парчиња облека, туку имав можност да ги видам и низ моја призма на фотограф, бидејќи бев задолжена да ги направам фотографиите и за кампањата“, објаснува Кристенсен. 

Иако на едноставна позадина, сепак тие ставаат акцент токму на тоа што треба - облеката.

„Со колекцијата сакав да ја опфатам новата, идната генерација, охрабрувајќи ги да бидат свои и да дозволат нивните личности да блеснат во полно светло“, потенцира Хелена.

После бумот што H&M го направија со соработката со Џамбатиста Вали и Кендал Џенер, веруваат дека одѕивот за парчињата,  со потпис на Кристенсен, кои од 31. јануари се веќе во продажба, ќе биде подеднакво успешен.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата:

 

 

Објавено:
4 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.063 пати