Младата студентка по стоматологија Ирис Митенаере е новата Мис Универзум, откако вчеравечер ги победи останатите 12 финалистки.

Ирис беше претставничка на нејзината родна Франција, а како Мис Универзум таа изјави дека ќе се обиде да им помогне на луѓето, да ги разбере и да ги натера повеќе да се грижат за оралната хигиена.

Прва и втора придружничка беа Мис Хаити и Мис Колумбија, додека останатите девојки кои беа дел од финалето беа претставничките на Кенија, Индонезија, Мексико, Перу, Панама, Колумбија, Филипини, Канада, Бразил,Тајланд и САД.

Изборот за Мис Универзум се одржуваше во Манила, Филипини, а традиционално, домаќин на настанот беше познатиот американски водител Стив Харви кој минатата година направи грешка при соопштувањето на победничката за што многумина го критикуваа.

Оваа година тој излезе на сцената кажувајќи шега на своја сметка, односно посочи дека годинава сигурно нема да згреши.

Девојките и публиката ги забавуваа познатиот рапер Флорида и легендарната група Boys II Men кои имаа одличен настап.

Во галеријата погоре погледнете дел од прекрасните девојки и секако, победничката, новата Мис Универзум за оваа година. 

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.868 пати