„Прекрасни и диви“- мартовски едиторијал на италијански Vogue

10 март 2014

Саскја де Брау е ѕвездата во „дивата“ модна приказна која се најде во мартовското издание на италијански Vogue.

Инстинктивната сила лежи длабоко во нашата душа, а стилот е оној кој ја изнесува на површина со својата уникатна и автентична визија. Ова е кратка увертира која на специфичен начин доловува што се случува со вашите сетила во моментот кога неколку капки на парфемот J’Adore од Диор ќе ја погалат вашата кожа.

Племенската инспирација е само еден дел од дивата приказна која што своите мирисни есенции ги црпи од цветните ноти на јасминот, ливчиња на Дамаскна роза и иланг-иланг. Совршената хармонија ја надополнува алхемијата од сандалово дрво, ветивер и слатките овошни цветови од слива.

Сензуалниот едиторијал има магичен наслов: „Абракадабра“, а честа да го слика му припадна на ветеранот Стивен Мејзел. Моделите кои ги носи Саскја се на модната куќа Диор,а ги стилизираше Мари Амели Соуве. Шминката е на генијалната Пет Меграт.

„Модата е дефиниција за Мејзел. Мартовската насловна страна на италијански Vogue важи за еден од највпечатливите, со нешто толку „совршено“ одамна не сме биле почестени. Спектакуларно издание на Саскја, која е просто неверојатна во изборот на стајлинзи направен од Соуве. Ова е комплетно нова димензија во светот на модата, но и во поглед на фотографијата“, беше заедничката изјава на одговорните од списанието.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Актуел