Приказните на највлијателните тинејџери во светот

30 октомври 2015

Магазинот Тајм деновиве ја објави листата на највлијателни тинејџери, а голем број интернет портали ширум светот ја објавија веста со насловот: „Листа на највлијателните тинејџери што ќе ве натера да се запрашате што правите со својот живот“.

Листата на тинејџери е навистина неверојатна, а секој поединец што се најде во потесниот избор има уникатна приказна за раскажување, а дел од истите ви пренесуваме во продолжение.

1.Ахмед Мохамед, 14

Младиот Ахмед беше уапсен од полицијата во Тексас, откако на училиште донел часовник за кој неговата учителка мислела дека е бомба. Паметното момче го реконструирало часовникот во кутија за пенкала со што сакал да и се пофали на учителката, на наместо пофалба, завршил во полициска станица. Приказната многу брзо се најде на насловните на голем број магазини, а Ахмед доби огромен број на следбеници на социјалните мрежи и целосна стипендија за школување во Катар.

2.Роан Бланчард, 14

Младата ѕвезда на серијата „Girl Meets World“, го одушеви светот со неговото сфаќање на феминизмот. Таа напиша опширен есеј што стана вирален, па дури и говореше на годинешниот самит на Обединетите Нации посветен на жените.

3.Зендаја, 18

Популарната млада пејачка и актерка стекна огромна почит ширум светот кога одлучи да ја посрамоти водителката Џулијана Рансик. Имено, водителката во нејзината емисија Fashion Police коментираше дека Зендаја со „суканиците“ изгледа премногу бохо и дека речиси може да го почувствува мирисот на трева како надоаѓа од истите. Младата пејачка остро реагираше на тој коментар и така им покажа на останатите тинејџери како треба да се однесувате кон сите оние што тоа го заслужуваат.

4.Аманда Стенберг, 17

Ѕвездата на филмовите „Hunger Games“ направи вирално видео со наслов Don’t Cash Crop My Cornrows во кое ги повикува младите да се борат против расизмот.

5.Џез Џенингс, 15

Храбрата тинејџерка објави дека е трансексуалец и токму со својата искреност ја освои јавноста. Денеска, таа е заштитно лице на козметичкиот бренд „Clean and Clear“ и има своја документарна емисија на ТЛЦ.

6.Бетани Мота, 19

Оваа млада дама стана првиот Youtube могул, а нејзиното бизнис царство од ден на ден сѐ повеќе се шири. Има своја модна колекција и колекција за уредување на домот, а постојано соработува и со Уницеф.

7.Оливија Халисеј, 16

Оваа неверојатна 16 – годишна девојка, пронајде начин како да се тестира Еболата во подрачја во кои нема ни струја, ни ладилници...

8.Мозаја Бриџис, 13

Младиот Мозаја беше дел од емисијата Shark Tank и освои пари за својот start – up бизнис за продажба на пеперутка вратоврски. Денеска, неговата компанија вреди 200.000 долари, а тој соработува со модни куќи како Cole Haan и Neiman Marcus.

9.Флин МекГери, 16

Ова русокосо момче отсекогаш го обожавало готвењето, а денеска поседува низа pop – up, многу успешни ресторани во Њујорк каде за да ги пробате неговите 14 порции различни јадења, треба да платите 160 долари.

10.Клое Ким, 15

Оваа млада американска сноу бордерка, влезе во историјата како најмлада личност која освоила злато на натпреварот „Winter X - Games“.

Објавено:
30 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.693 пати