Принц ја краси насловната на V магазин

5 јули 2013

V магазинот отсекогаш со насловните страници и интервјуата да го привлече вниманието на модниот свет. Долго време тоа го прави со провокативни модели, пејачки и актерки, кои за потребите на снимањето на магазинот направија и мал make over, а сега на насловната ни го носат и ненадминливиот Принц.

Пејачот во интервјуто ги откри своите погледи на живот, музика и религија, а за одличните фотографии заслужни се Инез ван Ламсверде и Матадин Винуд.

Ова е вистинско освежување за сите колекционери.

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Актуел