Принцот Џорџ полни четири години!

22 јули 2017

Британското кралско семејство туку што ја заврши својата мини-турнеја во Германија и Полска. Но, пред заминувањето, Кејт и Вилијам направија посебно изненадување за малиот принц Џорџ, кој денеска полни четири години.

Тие одлучија дека би било супер Џорџ да влезе во пилотската кабина и да добие едно возење со хеликоптер низ Хамбург. За радоста на малото момче говори и фотографијата во продолжение.

Инаку, од кралската палата пристигна и новиот роденденски портрет на малиот Џорџ.

Фотографијата ја направи Крис Џексон, кој е оженет со личната асистентка на Кејт Мидлтон, Наташа Арчер.

-Воодушевен сум и почестен што ме замолија јас да го направам портретот. Тој е толку среќно и весело момче, што внесе забава на снимањето – вели Џексон за „Дејли Мејл“.

Иако сè уште многу мал, Џорџ, како и неговиот татко на таа возраст, е дете за кое најмногу се зборува и се фотографира, а веќе и има свој клуб на обожаватели – „Prince George of Cambridge Fan Club“.

лево: принцот Вилијам на 4-годишна возраст; десно: принцот Џорџ

Тој е еден од престолонаследниците и иако полнолетството ќе го прослави во 2031 година, сепак можат да поминат уште многу декади додека да дојде на тронот.

Она што на народот посебно му се допаѓа е што Кејт и Вилијам се трудат тој да има среќно и слободно детство како и секое друго дете. Посебно внимание обрнуваат на родендените и годишнините, со цел семејството што почесто да се собира, а оваа последна тура е показател дека се трудат што повеќе време да поминуваат заедно.

семејна фотографија од октомври 2015 година

Тоа е и главната причина поради која двојката инсистираше при преземањето на службените обврски во странство, доколку е можно, да бидат во друштво на децата.

Освен ова возбудливо искуство за принцот, се планира и роденденска забава во домот на семејството, веднаш по враќањето од Германија, па јавноста со нетрпение очекува да ги види и тие фотографии.

Инаку, во малиот Џорџ во септември ќе тргне и на училиште. Се работи за приватното школо за подготвителна настава, кое се наоѓа во близина на Кенсингтон Палата, каде живее семејството.

Објавено:
22 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.462 пати
Извор: 
DailyMail