Пристигна пролетната кампања на H&M

23 март 2017

Обожавателите на H&M веројатно со нетрпение очекуваа да видат што брендот подготвил за актуелната сезона и кога ќе бидат достапни следните парчиња.

Резултатот е конечно тука!

Пастелни тонови, со акцент на нежно розовата и минт зелената, како и опуштени, лелеави силуети се ставени во фокусот на вниманието. На девојките сигурно ќе им се допаднат и здолништата со цветен принт, како и парчињата од пуплин, лен, нежна тантела и тул со везови...

Заштитни лица на новата кампања се Техлор Хол и Фредерике Софи, а зад фотографиите се потпишува Микаел Јансон.

Погледнете како тоа изгледа:

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.274 пати