Пролет со True Romance на Mango

14 април 2016

Под името True Romance, MANGO го презентира четвртиот тренд за пролет/лето 2016, заедно со рекламна кампања која ќе биде активна во мај. Овој пат, трендот е презентиран од страна на едни од најбараните интернационални модели во моментов, Матилде Банди и Стефи Арглелич.

Трендот актуелен во месец мај го навестува романтичниот дух на летото, каде белата боја е во центарот на вниманието. Долги блузи, транспарентни фустани од тантела, карнери....колекција исполнета со женственост и романтика. Фустаните и останатите парчиња во чиста, бела боја асоцираат на софистицираност, додека пак материјалите како памук, шифон и транспарентните материјали го доловуваат шармот на летото.

Кампањата за True Romance е фотографирана на почетокот на март во Лос Анџелес.

 

Објавено:
14 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.302 пати