Пролетно и уникатно: Наде Талевска во еден од најбараните фустани на ЕЛЕНА ЛУКА на отворањето на МОВ

10 мај 2022

Јубилејното педесето издание на Мајските оперски вечери (МОВ) беше свечено отворено вчера. Голем број познати личности присуствуваа на одбележувањето на овој убав јубилеј и празник, а меѓу нив беше и оперската дива Наде Талевска.

Таа на црвениот килим зачекори во еден од најбараните фустани на домашниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, со која се долгогодишни соработници.

Се работи за макси креација од колекцијата Лукс - Пролет '22 на брендот, создадена од материјал со уникатен дезен - дизајнерски потпис на модната куќа. 

Карнерите во долниот дел го прават раскошен, додека пак горниот дел е на преклоп и со впечатливи широки ракави. Струкот е дополнително нагласен со тенко ременче.

Романтичен, удобен и мошне впечатлив, доволни причини за тоа да биде првиот избор на Талевска, на која одлично ѝ прилега. Таа го усогласи со чевли на висока потпетица и елегантна мала чанта.

Овој спој на актуелен тренд и безвременска естетика, како и крој кој е лесно прилагодлив на различни типови телот, е само уште една од причините поради која дамите често го бираат.

Фустанот е достапен во салоните на ЕЛЕНА ЛУКА, како и на нивната онлајн страна www.elenaluka.com.

 За тоа како беа одбележани 50 Мајски оперски вечери и кој присуствуваше, ќе читате наскоро на нашиот сајт.

 
 
 
Објавено:
10 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.375 пати