Промовиран првиот парфем „Actress“ од Кокев

22 септември 2013

Синоќа во предворјето од новата зграда на Македонскиот Народен Таетар и официјално беше промовиран првиот парфем од модното ателје Коекв. Инспирирана од актерката Јелена Јованова, која воедно е и заштитно лице на истиот, дизајнерката Кокев пред гостите го покажа својот нов подвиг во работата – парфемот „Actress“.

Со зборовите: „ Храбрата жена која умее да магепсува“ беше опишан мирисот, создаден од единствената македонска парфимерка, Марија Аслимоска, која специјално за промоцијата пристигна во Скопје. Главната  ѕвезда на вечерта беше актерката Јелена Јованова која за Fashionel изјави дека ја ужива привилегијата да биде дизајнерска муза, притоа скромно додаде  дека подобро е другите да кажат кое е нејзиното тајно оружје со чија помош инспирира и освојува.

-Откако ја добивме последната формула постојано мирисам на „Acress“, а тоа би го опишала како моќно, емотивно, дека си присурен и е неопходно да мирисаш така. Јас сум многу среќна и возбудена поради овој проект, а се надевам дека така и ќе продолжи во иднина со нови ангажмани, изјави актерката Јелена Јованова.

Исто така, промовирано беше и рекламното видео за парфемот сработено од режисерот Александар Поповски, сценарио на Бојан Трифуновски, музика Игор Василев, стајлинг Зоран Шурбевски, главни улоги Јелена Јованова и Перица Крстевки, а снимено и спакувано од Зага продукција. На промоцијата присуствуваа пријатели, соработници и колеги  на Тања, а меѓу нив беа: дизајнери, манекенки, водители, новинари. Како изгледаше атмосферата пред МНТ и што имаа на себе присутните,  погледнете од галеријата.

Објавено:
22 септември 2013
Категорија: 
Актуел