Сексапилна и провокативна, исто како и самата дизајнерска естетика на брендот, е новата рекламна кампања на Балман за сезоната есен-зима 2017/18.
За прв пат креативниот директор Оливие Рустенг беше и во улога на фотограф, па уште повеќе го интензивираше неговиот личен печат во работата на модната куќа.
„Сакав да ја фотографирам оваа кампања за да ги добијам оние фотографии што директно ја рефлектираат мојата визија за последната колекција на Балман, како и мојата љубов кон градот кој го нарекувам дом. Се надевам и вие сте среќни со резултатот колку што сум среќен и јас", вели дизајнерот кој и за оваа кампања ангажираше топ атрактивни модели, меѓу кои и Наташа Поли и Лара Стоун.
Рустенг застана на чело на Балман во 2011 кога имаше само 25 години, со што тој е најмладиот креативен директор во историјата на брендот, по Ив Сен Лоран.
Фото: Balmain