Британското и италијанското издание на „Вог“ вчеравечер на социјалните мрежи ги претставија новите насловни - за ноември и декември. На двете ѕвездата е Лејди Гага и за првпат во историјата на постоењето на магазинот овие изданија имаат иста личност во ист период.
Изгледа ова е нова практика на „Вог“ за свртување на вниманието кон повеќе свои изданија. За потсетување, пред месец дена истата практика беше и за британскиот и американски „Вог“ чии насловни страни ги красеше Адел.
Очекувано, како и Адел и Лејди Гага направи вистински бум во медиумите и на социјалните мрежи. Објавите станаа вирални, а меѓу модната фела е тема број еден.
Гага периодов е во центарот на вниманието поради улогата на контроверзната Патриција Гучи, чија премиера ќе се случи токму во ноември. Многумина веќе ѝ предвидуваат ѝ „Оскар“.
Но, ако очекувавте дека и фотографиите ќе бидат инспирирани од филмот - тоа не е случај.
View this post on Instagram
Стивен Мајсел се потпишува зад фотографиите. Стајлингот и за двете насловни, што е многу интересно е на уредникот на британскиот „Вог“, Едвард Енинфул. Всушност, истата екипа била задолжена за двете изданија, што не беше случај претходно со Адел, кога беа ангажирани две посебни екипи.
View this post on Instagram
На насловната на италијанскиот „Вог“ Лејди Гага носи креација на Valentino Haute Couture, додека пак, на британскиот е облечена во креација од Schiaparelli.
Резултатот се уметнички фотографии кои станаа вирални и кои го „запалија“ интернет просторот.
А дел погледнете во продолжение:
Британски Вог:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram