Прва колекција облека на Џузепе Заноти

27 февруари 2014

Повеќе од 20 години, Џузепе Заноти  го познаваме како дизајнер на исклучително луксузни чевли. Меѓутоа, оваа сезона познатото модно гуру прв пат прави чекор во еден нов свет за него, односно ја креира својата прва ready-to-wear колекција облека насловена „Abbigliamento“ (Облека).

Мини колекцијата е тотална стилска референца на хип-хоп културата, што целосно се вклопува во „генетскиот код“ на брендот. Истата се состои од кожени јакни и широки панталони, со акцент на златните патенти и накит, а истата е наменета и за мажи и за жени.

Капсулната колекција набрзо ќе биде пуштена во продажба низ педесетина светски онлајн продавници.

 

Објавено:
27 февруари 2014
Категорија: 
Актуел