Прва насловна на Џиџи Хадид за американски Вог

15 јули 2016

Топ моделот Џиџи Хадид за прв пат ќе се појави на насловната страна на американското издание на модната библија Вог за августовскиот број.

На насловната, како и во едиторијалот, Џиџи позира заедно со атлетичарот и олимписки шампион Аштон Итон, пред фото објективот на легендарниот Марио Тестино.

Со оглед на нивниот спој, сосема очекувано е дека стајлинзите се во естетизиран спортски фазон, а луксузните парчиња облека се потпишани од брендови како: Версаче, Салваторе Ферагамо, Pringle of Scotland и други.

Инаку, Џиџи Хадид е поранешна одбојкарка, па улогата на спортот во нејзиниот брз подем како светски топ модел, е огромна.

 

Објавено:
15 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
312 пати