Прва продавница на Прада во Санкт Петербург

5 февруари 2014

 

Вратите на бутикот на една од најпознатите светски модни куќи Прада, викендов беа ширум отворени за купувачите во Санкт Петербург. На површина од 400 квадратни метри сместена е целосната понуда за женските колекции на облека, чевли и модни додатоци.

 

 

За мажите да не се чувствуваат запоставено, Прада направи специјална секција и за нив каде првенствено ги изложи колекциите модни додатоци, а понатаму одговорните најавуваат и други изненадувања.

 

 

Новата продавница е декорирана во стил, кој веќе стана заштитен белег на овој бренд. Впечатливите „шах“ плочки во црно-бела варијанта во комбинација со зелени таписерии на ѕидовите, на кои има вметнато вградени полици и закачалки и овој пат не изостанаа. Ентериерот е украсен со зелени софи од плишен материјал, надополнети со маси од плексиглас и челик. Во втората соба каде е изложена колекцијата облека наменета за припадничките на понежниот пол, дизајнерите користеле пригушено светло, за да создадат интимна и релаксирачка атмосфера.

 

 

Светски, уникатно и софистицирано, тоа е Прада.

 

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Актуел