Првата насловна на арапското издание на „Вог“

3 март 2017

Првото издание на арапскиот Вог ќе биде токму мартовското. Ова, воедно ќе биде и првото издание на списанието на пазарот на Средниот Исток.

А насловната страна ја краси Џиџи Хадид, со што уште еднаш влезе во модната историја.

Инаку, изборот воопшто не е случаен, ако се има предвид дека таткото на познатата моделка е со палестинско-американско потекло.

„Се надевам дека овој магазин ќе ја покаже другата страна на модната индустрија и желбата за прифаќање, славење и вклучување на сите луѓе и навики“, напиша Хадид на својот Инстаграм профил споделувајќи фотографија од магазинот.

Своја порака имаше и главната уредничка на магазинот, принцезата Дина Абдулазис.

„Колажот на земји од арапскиот свет се заслужни на долги патеки за местото што го има во модната индустрија и не постои подобро насловно лице што ќе ја започне приказната на „Вог Арабија“ од Џиџи – модел кој ја дефинира иднината на модерната и динамична генерација“, вели уредничката во соопштението за јавност.

Во продолжение погледнете дел од фотографии од првото издание што во продажба ќе се најде од 5-ти март.

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
558 пати