Првата насловна за Вог на Винтур, инспирација за новите трендови
•
10 мај 2014
Во 1988 година, кога Ана Винтур застана на челната позиција на американски Вог, нејзината прва насловна страна за магазинот беше култна и влезе во модната историја благодарение на незаборавната кратка црна јакна на Кристијан Лакроа аплицирана со огромен крст навезен со украсни камења, а која ја носеше израелскиот модел Михаела Берку.
По повеќе од две децении, оваа насловна, односно дизајнот на Лакроа, е инспирација за новите летни трендови. Имено фамозниот крст навезен со украсни камења сега е аплициран на едноделен костим за капење потпишан од калифорнискиот бренд Beach Riot.