Првата официјална фотографија на осумте жени на Оушн

31 јануари 2017

Женскиот римејк на „Единаесетмината на Оушн“ – „Осумте на Оушн“, започна да се снима во октомври минатата година, а премиерата е закажана за јуни 2018 година.

Но, дотогаш се задоволуваме со малите детали од снимањата. Сепак, овој пат тимот што работи на остварувањето одлучи да направи фото-сесија со актерките во главните улоги.

Првата официјална фотографија е направена во метро во Њујорк и предизвика големо внимание.

Со оглед на кастингот, сите со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледа оваа женска верзија на филмот.

Освен Ријана, која што го глуми ликот Најн Бол, Сандра Булок (Деби Оушн), Кејт Бланшет (Лу), Мајнди Калинг (Амита), Оквафина (Констанс), Хелена Бонам Картер (Роуз), Ен Хатавеј (Дафне) и Сара Полсон (Тами), во филмот ќе се појават и Мет Дејмон, Демиан Луис, Џејмс Корден.

За сега е познато и дека дел од дејството ќе се одвива за време на Мет Гала вечерта во Њујорк, па на големото платно ќе ги видиме и Ана Винтур, Александар Ванг, Зак Посен, Лорен Санто Доминго, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Кејти Холмс, Оливија Мун, Хејли Болдвин и Зеин Малик.

Режисер е Гери Рос, додека продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг, кој го продуцираше и „Единаесетмината на Оушн“.

Во продолжение погледнете ги и останатите фотографии што досега се појавија неофицијално.

Објавено:
31 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.588 пати