Првата онлајн порачка слави 20-годишнина

26 август 2014

online-shopping-2010

Во август 1994 година во станот на едно момче од Филаделфија, се случи првото онлајн купување. Се работи за албумот на Стинг Ten Summoner's Tales,  продаден за 12.48 долари на сајтот NetMarket.com.

Иако 1994 година на многумина ќе им изгледа како блиска, сепак од тогаш поминаа цели 20 години, па првата онлајн продажба месецов слави јубилеј.

Денес, онлајн шопинг индустријата вреди преку 100 милијарди фунти на годишно ниво, само според статистиките во Британија, не сметајќи ги другите држави. Па така, ако порано со недоверба се пристапувало кон онлајн купувањето, стравувајќи за податоците од кредитните картички, сега 95 проценти од Британците се одлучуваат на ваков начин на купување, а еден од четири тоа го прави макар еднаш неделно.

Но, во 1994 година се случија и други интересни работи

1.Се емитуваше првата епизода на мега популарната серија „Пријатели“

Friends-first-ever-episode-L

2.Нелсон Мендела стана претседател на Јужна Африка

3.Се отвори железничкиот Евротунел, под Ла Манш

4.Се формираа „Spice Girls“

Various

5.Брачните сопружници Џани и Консуелно Кастиљони ја основаа модната куќа Марни

6. Кејт Мос и Џони Деп беа новата популарна двојка

SERIAL MOM FILM PREMIERE, NEW YORK, AMERICA - 1994

7.Дизни го прикажа анимираниот филм „Кралот Лав“

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Актуел