Први фотографии од Моника Белучи и Тим Бартон заедно на Модната недела во Париз

6 март 2023

Новиот холивудски пар, италијанската актерка Моника Белучи и познатиот режисер и продуцент Тим Бартон, беа фотографирани заедно на актуелната Модна недела во Париз.

Со овие фотографии, каде двајцата се држат за рака, се потврдија гласините кои веќе подолго време кружат низ медиумите и се коментираат во јавноста.

Како што пресенува магазинот Daily Mail, заедно биле поканети како гости на модната недела во Париз, а се фотографирани при излегувањето од хотелот „Риц".

За потсетување, Моника и Бартон прв пат се сретнале на Канскиот фестивал во 2006 година, но љубовта се разгорила 16 години подоцна.


Според она што го пишува во медиумите, двете холивудски икони ја започнале романсата уште во октомври минатата година, кога повторно се виделе на фестивалот Lumiere во Лион.

Фото: Карлос Дел Позо/Mega

 

Објавено:
6 март 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
584 пати