H&M веќе години наназад успешно го реализира проектот што вклучува колаборација на колекции со познати дизајнерски имиња.
Годинава Џамбатиста Вали е брендот-партнер на шведскиот гигант кој уште пролетта најави ексклузивна линија, а од тогаш сите сме во очекување каков ќе биде резултатот.
Конечно, деновиве излегоа првите фотографии од едиторијалот за оваа колекција, за кои ексклузивата ја имаше американското издание на Вог.
Главната улога во едиторијалот ѝ е доделена на Кендал Џенер, со што добива на уште поголема популарност.
Според прикажаното, може да очекуваме бајковита колекција во која акцентот ќе биде на фустаните – и тоа во верзија каква што е препознатлива за Џамбатиста Вали: игра со волумен и со асиметрија, тул и интензивни бои.
Со нетрпение очекуваме да ја видиме целата лимитирана колекција, која ќе биде во продажба од 7. ноември.