Првите фотографии на Coach со Џеј Ло - И Барбара Срејсенд ги одобри

23 јануари 2020

Откако претходно беше најавено дека брендот Coach ќе ја има Џенифер Лопез за заштитно лице, модните љубители со нетрпение очекуваа да видат како ќе се снајде и ќе изгледа актерката и пејачка во комбинациите каде доминираат парчиња што треба да бидат дел од секојдневието на една модерна жена.

Првите фотографии конечно се појавија, а Лопез игледа одлично.

Во интензивни бои и со кроеви кои ќе им одговараат на различен тип жени, брендот се потрудил да внесе живост во зимските денови.

Самата кампања била снимена на минусни температури, но кога ќе ги видите, пренесуваат веселост и топлина.

Дури и на Барбара Стрејсенд ѝ се допаднаа, а тоа го кажа и јавно преку својот Твитер профил. бидејќи на еден од дуксерите се наоѓа токму нејзиниот лик.

„Здраво Џеј Ло, ми се допаѓа што гледам дека го носиш мојот лик“, се пошегува пејачката.

Инаку, освен Џенифер Лопез, нови заштитни лица во кампањата се и Јара Шахиди и Мајкл Б. Џордан.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Coach (@coach) onJan 21, 2020 at 1:16pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Coach (@coach) onJan 21, 2020 at 8:34am PST

 

Објавено:
23 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
523 пати