Првите фотографии од Рене Зелвегер како Џуди Гарланд

23 март 2018

За Холивудската икона Џуди Гарланд се снима нов, четврти биографски филм со едноставен наслов „Џуди“. Овој пат, фокусот ќе биде ставен на романсата со музичарот Мики Динс, кој е и нејзиниот петти и последен сопруг.

Во главната улога е Рене Зелвегер, а во медиумите вчера се појавија и првите фотографии од трансформацијата, која е одлична!

Фотографиите се направени во Лондон, бидејќи во филмот се разработува токму периодот околу 1968 година, кога таа има серија настапи во главниот град на Британија, кои се воедно едни од последните, а после 30 години од остварувањето „The Wizard of Oz“.

Рене е во друштво на  Фин Витрок, кој го толкува Мики Динс. Инаку, Џуди се мажи за него неколку месеци пред смртта во јуни 1969 година, како последица од предозирање.

Со кратката натапирана перика, беж широки панталони, темнокафена бунда и чевли на ниска потпетица, како и чанта преку рамото и округли обетки, Рене (48) е веродостојна верзија на тоа како Џуди изгледаше кон крајот на 1970-тите.

Гарланд има неверојатен живот и доживува огромна популарност појавувајќи се во филмовите „The Wizard of Oz“, „A Star Is Born“ и „Мeet Me in St.Louis“, но покрај филмовите ќе сними и стотици песни, ќе одржи огромен број концерти, а ќе настапи и во „Карнеги хол“.

Во филмот песните ќе ги пее токму Рене Зелвeгер, која претходно во остварувањето „Чикаго“ ги покажа своите вокални способности.

Режијата е на Руперт Гулд.

 

Објавено:
23 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
450 пати