Првите фотографии од соработката на „Кензо“ и „H&M“
•
23 септември 2016
Резултатот од долго најавуваната нова соработка помеѓу брендовите „Кензо“ и „H&M“, ќе ни биде презентиран на трети ноември.
Она што сега имаме можност да го видиме, се првите фотографии за нивната заедничка колекција.
Како што и беше најавено, заштитни лица на кампањата, помеѓу другите се и Иман Боуви, The Rapper, Клои Севини и други.
Зад фотографиите што во центарот ја ставаат еклектичноста и енергијата, се потпишува фотографот Жан Пол Гуд.
Какви се вашите први впечатоци?