Откако на 14. февруари со црно-бела фотографија објавија дека го очекуваат своето второ дете, неполна недела подоцна, Меган и Хари и официјално го напуштија кралското семејство, со што Војводата беше лишен од сите воени титули.
По сите овие вести, Меган и Хари се појавија на Spotify, да разговараат за својот нов подкаст со кој планираат да ги едуцираат и инспирираат луѓето ширум светот. Со помош на продуцентската куќа која ја отворија минатата година, Archewell Audio, ќе создаваат подкасти специјално за сервисот Spotify.
View this post on Instagram
,,Со помош на подкастот сакаме да поттикнеме моќни разговори," изјави Маган, на што Хари додава дека инсистираат разговорите да се инспирирачки, предизвикувачки и едукативни.
Видеото е снимено во нивниот дом со вредност од 11 милиони долари, сместен во Калифорнија. Најголемото внимание го привлекува Меган која трудничкото стомаче суптилно го крие во елегантниот коктел фустан со А-крој со потпис на Оскар де ла Рента.
Изгледа дека Меган веќе нема да мора да обрнува внимание на тоа колку троши на гардероба, откако во минатото британската јавност често им замеруваше на членовите на кралското семејство за скапите парчиња облека. Освен тоа, сега кога не располага со кралски буџет, поранешната актерка ќе може да прима и облека како подаром, што во минатото не беше дозволено.
View this post on Instagram
Инаку, фустанчето од де ла Рента кое чини 3.490 долари и е од линијата Citrus Prumavera, Меган го комбинира со златен рачен часовник на Картие, кој и' припаѓаше на лејди Дијана.
Специјалното интервју кое парот ќе го даде кај Опра Винфри ќе се случи на 7 март, а само неколку часа пред овој фамозен разговор, кралицата Елизабета ќе има свое обраќање.