Queen of the rings: Последниот веренички прстен на Џеј Ло најскап од сите шест

11 април 2022

Покрај свадбата на Бекамови, изминатиов викенд во светските медиуми вест број еден беше свршувачката на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

После речиси 20 години, пејачката повторно му кажа „ДА“ на актерот, а убавата вест ја соопшти преку видео, коментирајќи дека нејзината среќа има зелена боја.

Со ова алудираше на новиот веренички прстен со скапоцен камен во зелена боја.

Како пренесуваат светските медиуми, вредноста на прстенот е преку четири милиони долари и е најскап веренички прстен од сите шест кои досега пејачката ги добила.

А кога сме кај колекцијата, еве потсетување и на претходните:

 

Оџани Ноа -  прстен во вредност од 100.000 долари

Првиот вереник на Џенифер Лопез беше Оџани Ноа, со кој беше и во брак кој траеше само една година. Двојката се венча во 1997 година, а се разведоа една година подоцна, после што Ноа одлучи дека ќе живее подалеку од очите на јавноста.

Инаку, тој е Кубанец, а со Лопез се запознале во ресторанот во кој тој работел како келнер. После разводот, тој сакал да објави книга за нивниот краткотраен брак, како и видеа од нивниот меден месец, што Џенифер успеала да го спречи. 

 

Крис Џад  - прстен вреден милион долари

Вториот пат се вереше и омажи за Крис Џад, танчар во нејзината група. Но, бракот исто така траеше една година. Прстенот што го доби од него беше во вредност од милион долари.

 

Бен Афлек - прстен вреден 2.5 милиони долари

Бен Афлек ја запроси (првпат) во 2002 година, а непосредно пред венчавката во 2004, двојката се раздели. Сепак, сите овие години, двојката останала во контекст. 

Во тоа време беа популарни скапоцени камења во боја, а после вереничкиот прстен со розов камен, вредноста и побарувачката за прстенот се зголемиле повеќекратно.

 

 Марк Ентони - прстен вреден 4 милиони долари

После разделбата со Афлек, Џенифер започна врска со Марк Ентони. Нивниот брак траеше од 2004 до 2014, а од тој брак имаат и две деца. Венчавката се одржа во нивната вила на Беверли Хилс, со околу 40 гости.

 

Алекс Родригез - прстен вреден 1.8 милиони долари

За спортистот велеше дека е нејзината сродна душа. Важеа за складна и вљубена двојка, а во 2019 година тој ја запроси. И тогаш започнаа несогласувањата. Неколку пати се разделуваа, па се смируваа, за на крај сепак да ја финализираат разделбата.

 

Бен Афлек - прстен вреден преку 4 милиони долари

 На изненадување на сите, за време на корона-периодот, некогашните вереници ја објавија својата љубов, а од неодамна на раката на Лопез повторно има прстен, овој пат во нејзината омилена боја - зелена.

 

 

Објавено:
11 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.374 пати