Работилница за изработка на накит под менторство на Блашка Миева

30 ноември 2015

Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба" на 7. и 8. Декември ќе биде одржана работилница за изработка на накит од глина под менторство на креативната уметница Блашка Миева.

Во рамките на оваа работилница учесниците ќе имаат можност да се запознаат со техниката за рачно изработување на накит од глина и рачно исликување на изработените парчиња накит.

„Оваа работилница е наменета за креативни луѓе од сите возрасти кои сакаат да креираат, создадат и да научат како до реализација на уникатни парчиња накит. За оваа работилница посетителите не е потребно да поседуваат претходно знаење, потребно е да поседуваат креативност, инспирација, интерес да научат нешто ново, добра волја и секако добро расположение. Во текот на изработката ќе зборуваме за инспиративниот дел и концептот на реализација, каде учесниците ќе се обидат да ја развијат својата креативност и да ја преточат во носливо парче накит. Притоа ќе се изучува глината како материјал и нејзината примена во изработувањето уникатен накит. Првиот ден ќе се изработуваат парчињата накит, со помош на соодветни алатки, а пак вториот ден, откако ќе се исушат, ќе ги исликуваме со бои и ќе ги доработуваме, т.е на парчињата накит ќе им дадеме убав финиш", се вели во соопштението на организаторите.

На оваа работилница секој учесник ќе добие потребен материјал за работа обезбеден од организаторите,( глина, алатки, подлога за работа) во пријатен простор за креативност, каде по завршувањето на работилницата секој учесник ќе си го задржи изработеното парче накит.

Како што посочуваат организаторите, целта на оваа работилница пред се, е креативноста на посетителите да ја преточат во уникатно парче накит, но воедно да се здобијат со основни познавања за глината како материјал и како до реализација на накит од глина.

На линкот подолу ќе ги најдете потребните информации за пријавувањето.

https://brainster.co/courses/rabotilnica-za-izrabotka-na-nakit-od-gli

Објавено:
30 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
637 пати