Радиостаниците ширум светот престанаа да пуштаат песни од Мајкл Џексон

6 март 2019

Во неделата вечерта HBO и официјално го промовираше документарецот за Мајкл Џексон „Leaving Neverland“, а кратко потоа објави дека истиот го гледале повеќе од 1.3 милиони луѓе со што стана третата најгледана премиера на документарец во историјата на мрежата.

Associated Press

Вториот дел од документарецот беше прикажан во понеделникот, а како што сите очекуваа, реакциите од сите страни беа неверојатни.

Радиостаниците ширум светот по прикажувањето на документарецот решија да ги тргнат неговите песни од плејлистите, без да посочат дали неговата музика засекогаш ќе остане забранета, пишува The Sun.

Имено, во документарецот двете момчиња раскажуваат за периодот од седум години кога популарниот пејач сексуално ги злоставувал, со детали кои во многу наврати се вознемирувачки.

Rolling Stone

Приказната се враќа години наназад, а Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак за прв пат говорат за она што се случувало во Neverland, нешто што го негираа на судењето во 2005 – тата година.

Документарецот ги остави сите гледачи и обожаватели на пејачот во неверување, како резултат на сериозните обвинувања и грозоморни чинови што се случувале на имотот на Џексон.

HBO

Двете момчиња гостуваа и кај Гејл Кинг која со нив говореше за сите детали, а како што им кажа на водителите во утринската програма на мрежата, имало и такви поради кои морале да ја исклучат камерата, бидејќи едноставно, биле премногу.

Таа направи интервју и со браќата на пејачот, кои сосема очекувано, изјавија дека ништо од тоа не е вистина и дека режисерот на документарецот воопшто не побарал нивно мислење и дека ќе следат тужби.

 

Објавено:
6 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.583 пати