Во Њујорк вчеравечер се одржаа престижните CFDA награди каде беа доделени признанијата за најдобрите во модата.

Сосема оправдано, наградата за најдобар моден дизајнер му припадна на Раф Симонс од брендот Калвин Клајн  каде во моментов работи.

Ова е големо признание за него како дизајнер со оглед на тоа што досега тој беше познат по извонредните колекции за машка облека, а сега е награден за неговата работа во женската мода.

Наградата за најдобар дизајнер на модни додатоци му припадна на Стјуарт Веверс од брендот Coach, додека наградата за Сваровски за млади таленти ја добија Лаура Ким и Фернандо Гарсија од Monse.

Можеби најзаслужено, наградата за најдобар интернационален дизајнер која минатата година ја доби Алесандро Мишел од Гучи, сега му припадна на талентираниот Демна Гвасалија кој работи за Ветементс и Баленсијага.

Наградата за позитивни промени во модата му припадна на Кенет Кол, додека онаа за најдобар мејк – ап артист и основач сосема очекувано ѝ припадна на најдобрата Пет МекГрат.

Почесната награда за животно дело ја доби Рик Овенс, додека наградата за модна икона постхумно ѝ припадна на Франка Созани.

Фото: Гети/Дејли Мејл

Објавено:
6 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
105 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr