Раф Симонс е новиот креативен директор на Калвин Клајн
•
26 јули 2016
Гласините што циркулираат во модните кругови веќе неколку месеци, се потврдени – Раф Симонс е новиот креативен директор на американскиот бренд Калвин Клајн.
Тој на новата работна позиција започнува веќе во август, и тоа со креирање на џинс линија, како и со целосна реорганизација и нов имиџ на брендот.
После дваесетгодишното искуство како креативен директор во сопствениот моден бренд, а потоа на челните позиции во модните куќи Жил Сандер и Диор, сега Симонс започнува нова страница во својот професионален живот. Модниот свет со нетрпение чека што следно ќе подготви врвниот дизајнер.