Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли на вакцина: ,,Конечно добив 5G" се пошегува актерот

6 април 2021

Актерската двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс споделија фотографии на своите социјални мрежи од моментот кога ги примија вакцините против Ковид-19.

Блејк објави фотографија со шарени срциња, па сестрата која ја вакцинирала ја нарече херој. 

Но, далеку поинтересен беше нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, кој објави фотографија од вакцинацијата и напишав ,,Конечно добив 5G", шегувајќи се на сметка на теориите на заговор.

Но, Рајан не престана да ги засмејува своите фанови тука, па откако доби коментари во врска со розовата плетена капа која ја носеше, се пошегува на своја сметка, па напиша: ,,Науката е секси! Капата?! Веројатно не!"

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
900 пати