„Ралф Лорен“ ќе лансира колекција на „Снепчет“

12 август 2020

Познатиот моден бренд „Ралф Лорен“ одлучи да соработува со компанијата „Snap.Inc“, која го води „Снепчет“.

Мора да се признае дека оваа соработка е мошне досетлива и е неколку чекори понапред од другите. Во што се состои?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 6, 2020 at 4:41am PDT

Корисниците на познатата апликација ќе имаат можност својот аватар да го „облечат“ во парчиња со потпис на американскиот моден бренд. Тоа значи дека тие ќе имаат пристап до виртуелната колекција облека инспирирана со реални парчиња од брендот, од која ќе одберат омилена комбинација за својот личен „Bitmoji“.

Воедно, облеката ќе биде достапна и за купување.

„Ралф Лорен е возбуден поради оваа револуционарна соработка со „Снепчет“. Чувствуваме дека сме подготвени да ги истражиме новите начини и да ја раскажеме својата приказна, да водиме трговија на социјалните медиуми и да се поврземе со новата генерација на автентичен и моќен начин“, вели за „Харперс Базар“, Алис Делахант, одговорна за дигиталното работење на брендот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 6, 2020 at 7:01am PDT

Ова е прва соработка од ваков тип и за „Снепчет“ и апликацијата „Bitmoji“.

Имено, отсега е достапна опцијата „Mix and Match“, каде секоја недела ќе бидат понудени 12 комбинации од колекцијата на „Ралф Лорен“ - 6 за жени, 6 за мажи, посебно дизајнирани и за апликацијата и за корисниците кои ќе имаат можност да прават избор.

Дизајнерскиот тим на Ралф Лорен ја третирал оваа виртуелна колекција како продолжение на физичката, а вклучува и класични парчиња како блејзер и јакни и секако препознатливите поло маици.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 7, 2020 at 12:59pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 7, 2020 at 12:02pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 6, 2020 at 8:00am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ralph Lauren (@ralphlauren) onAug 6, 2020 at 7:01am PDT

 

Објавено:
12 август 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
201 пати