Разубавување пред премиерата на „Педесет нијанси сиво“

13 февруари 2015

Вчеравечер македонската публика имаше можност премиерно да го гледа долгоочекуваниот филм „Педесет нијанси сиво“ снимен според истоимената еротска трилогија книги од Е.Л Џејмс.

Главната актерска двојка на филмот, Дакота Џонсон и Џејми  Дорнан на светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал Главната актерска двојка во филмот, Дакота Џонсон и Џејми Дорнан на светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал

Но, пред проекциите во киното Cineplexx, за девојките кои апсолутно доминираа во публиката, беше организирана „Ladies night“ што им овозможи да уживаат во неколку пријатни изненадувања.

Од една страна присутните можеа да научат неколку корисни мејк-ап трикови во корнерот за разубавување на козметичкиот бренд Bourjois кој организираше специјани туторијали за шминка, а во меѓувреме можеа да уживаат и во заводливите мирисни ноти на парфемот Dahlia Divin од Живанши.

„Ја искористивме оваа убава можност кога на едно место имаме толку дами, овде да го презентираме новиот парфем на Живанши, Dahlia Divin. Мирисните ноти ја претставуваат силната и моќна женска страна и симболизира една модерна божица. Токму затоа и јас вечерва сум облечена во креација на Елена Лука која со златната боја и богатата текстура целосно се вклопува со сензибилитетот на парфемот и во целата рекламна кампања во која преовладуваат златните тонови“,  вели Анета, советник за убавина во групацијата Орбико.

Во делот за разубавување, имавме можност да се запознаеме со новите сенки на козметичкиот бренд Bourjois.

„Во рамките на оваа вечер посветена на дамите, организираме шминкање за промоција на новите сенки на Bourjois, како и реафирмација на останатите производи. Исто така ова е одлична можност девојките да го пробат она што претходно немале можност и да се запознаат со нешто ново и директно да ги искусат нашите производи. Тука особено сакам да ги потенцирам сенките со нова формула, со специјална нова четка направена за многу лесно нанесување на сенката во долниот дел на окото и е навистина функционална и флексибилна бидејќи не дозволува шминката да се размачкува“, ни објасни бренд менаџерката ТамараБенко.

Ја поздравуваме оваа иницијатива за неформална дружба помеѓу фановите на книгите и филмот, кои покрај тоа што можеа да продискутираат за своите импресии, паралелно уживаа и во привилегиите на женственоста.

Доколку веќе го гледавте филмот, останува на Вас да коментирате дали ги задоволи Вашите очекувања?

 

Објавено:
13 февруари 2015
Категорија: 
Актуел