Развод од пеколот: Најстариот син на Анџелина Џоли сведочеше против Бред Пит

19 март 2021

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс, на сослушувањето за разводот на неговите родители, како полнолетен, имаше право да даде свој исказ и истиот не беше наклонет кон актерот. 

Според извори блиски на поранешната двојка, 19-годишниот Медокс сака да го тргне презимето Пит од своето име, одлука со која мајка му не се согласува.

Анџелина и Бред Пит се разделија во 2016 година, а наводно одлуката паднала откако дошло до расправија помеѓу Бред и Медокс. 

Многу бргу по разделбата, Бред Пит беше испрашуван од страна на ФБИ и социјалните служби во САД за вербална и физичка агресија кон своите деца, за време на лет со приватен авион. Кратко потоа сите обвинувања беа повлечени.

Но, сега изгледа дека Анџелина го вади вистинското оружје, па според извори, актерката се подготвува да приложи докази за семејно насилство на судењето. 

Двојката има 6 деца заедно - Медокс (19) Пакс (17) Захара (16) Шајло (14) близнаците Нокс и Вивиен (12), а судот треба да направи поделба на финансиските обврски и старателството.

Пред да влезат во горката битка за разводот, Бред и Анџелина се запознаа на снимањето на Mr&Mrs Smit, додека актерот се'уште беше во брак со Џенифер Анистон. Се венчаа во 2014 година, по 10 години врска, а се разведоа само 2 години подоцна.

Објавено:
19 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.542 пати