Ретро ноти со модерен ритам

20 јуни 2013

 

Stylist Magazine, одлучија да ангажираат ново лице кое ќе позира за јунското издание на списанието. Сара Ен Меклин е новото свежо лице во модниот свет. Таа позираше пред објективот на Џејмс Мекин и тотално го маѓепса доловувајќи бран на ретро летни вибрации со фризура во стил на Џејмс Дин и мачкасти очила за сонце.

 

 

 

Костимите за капење во кои позираше британската бомба потсетуваат на кројот од 70-тите и 80т-тите години,  а во целото сценарио не заостанува ниту мајсторијата на фотографот кој се погрижил на сликите да има даде модерен ритам и многу живост.  Дизајните  се одбрани од Александра Фулертон, а имаат етикети од Pistol Panties, Next, Huit и Holly Fulton.

 

Објавено:
20 јуни 2013
Категорија: 
Актуел